Езерото Киву е едно од Големите Африкански Езера, се наоѓа на границата помеѓу Демократската Република Конго и Руанда. Неговиот одлив е реката Рузизи која на југ се влева во езерото Тангањика.[2] Прв Европеец кој го посетил езерото бил грофот Адолф фон Гоцен во 1894 година,[3] истражувач и гувернер на Германска Источна Африка. Езерото станало познато кога во 1994 година во него биле фрлени жртвите од геноцидот во Руанда.
Езерото е долго 97 километри, широко 48 километри и има површина од 2,370 квадратни километри.[4] Се наоѓа на надморска височина од 1,460 метри, а максималната длабочина изнесува 485 метри.[4] Во него се наоѓа поголемиот остров Иџви. Најголеми градови на неговите бргови се: Букаву, Кабаре, Калехе, Саке и Гома во Конго, и Гисени, Кибује и Кјангугу во Руанда