Киевско-печерска камбанарија50°26′05″N 30°33′23″E / 50.434691°N 30.556455°E
Киевско-печерската камбанарија или Големата камбанарија (украински: Велика Лаврська дзвіниця) е главната камбанарија на античкиот пештерски манастир кој се наоѓа во Киев, Украина. Камбанаријата е највисоката градба во комплексот. Таа била градена во периодот од 1731 до 1745 година[1] и дизајнирана од страна на архитектот Јохан Готфрид Шадел. Нејзината вкупна висина, со христијанскиот крст е 96,5 метри или 316 стапки. Камбанаријата била повредена во времето на Втората светска војна во 1941 година. Во 1961 година била санирана. Камбанаријата е составена на четири спрата, а нејзината купола е позлатена. Пречникот на најниското ниво на кулата е 28,8 метри или 94 стапки а дебелината на првиот ред ѕидови е 8 метри (26 стапки). На четвртиот спрат се наоѓа часовник, чиј механизам е еден од најточните во гртадот. Сепак, според некои неговата точност зависи од времето на годината: во текот на зимата, часовникот работи малку побавно отколку во лето. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia