КилопондКилопонд (од лат. pondus = „тежина“, симб. кп или kp[1]) или килограм-сила (симб. кгс или kgF) е гравитациска метричка единица за сила. Единицата ја изразува силата на килограм маса во гравитациско поле од 9,80665 м/с2 (стандардна гравитација, т.е. вопросечена вредност на Земјината тежа).[2] Затоа, еден килопонд по дефиниција е еднаков на 9,80665 N.[3][4] Сразмерно на тоа, еден грам-сила (гс) изнесува 9,80665 мN, а еден милиграм-сила изнесува 9,80665 uN. Покрај науката, единицата се користи и за изразување на напрегањето на велосипедските жици, за вртежен момент што се изразува во килопондметри (кмп)[5] за неформално изразување на притисок во килограми по сантиметар квадратен (1 кп/см2 = 1 ат ≈ 1 бар ≈ 1 атм), за повлечокот на лакот во стреличарството, и за дефинирање на „метричка коњска сила“ како 75 килопондметри во секунда[3] и техничката атмосфера (ат) како 1 килопонд на сантиметар квадратен. Сродни единициВо разни полиња присутни се и единиците тон-сила, мегаграм-сила и мегапонд (Мп), кои изнесуваат 1000 килопонди. Во некои полиња се користи единицата декањутн (daN) како приближна на килопондот, со тоа што декањутнот има точно (наместо приближно) 10 њутни.
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia