Кимчи

Кимчи
Кимчи
Видјадење
Место на потеклоЈужна Кореја Јужна Кореја

Кимчи (корејски: 김치, 沈菜) — корејско јадење што се состои од зачинет кисел (ферментиран) зеленчук, првенствено кинеска зелка. За време на Олимпијадата во Сеул, Кореја забележала бум во потрошувачката на кимчи, што го прави омилено јадење и кај странците.

Што претставува кимчито

Кимчи е ферментиран зеленчук, главно зелка, и наликува на македонската кисела зелка, но со многу додадени зачини — лут црвен пипер, рибен сос, ферментирани морски плодови, ѓумбир, сок од лук и кромид, домати и друго. Се користи кинеска зелка, со додаден различен зеленчук според сезоната — зелен кромид, морков, репа, келераба, краставица и друго.[1] Во зависност од регионот, кимчито може да се подготви на многу различни начини, со преку 200 рецепти со големо разнообразие и варијации.[2] Јадењето се јаде во секое време од годината во Кореја и како составен дел на кој било од трите оброци во денот.

Наводи

  1. „Рецепт за кимчи: Тотално погоден за почетници во кујната“. 21 ТВ. 2022-10-24. Посетено на 2025-03-21.
  2. Kimchi, Архивирано од изворникот на 2009-02-10, Посетено на 2008-12-24

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya