Кинорежисер![]() Кинорежисер (ж. р. кинорежисерка; англиски: Film director) — личност што го раководи снимањето и производството на филмот.[1] Голем број луѓе ги сметаат кинопродуцентите, снимателите, монтажерите како и експертите за посебни ефекти за кинорежисери.[2] Кинорежисерот ја оличува неговата замисла на сцената, ги управува уметничките и драмски движења на глумците, заедно со цела авторска екипа што работи според неговиот поглед. Во некои случаи, кинорежисерите немаат целосно управување врз филмот. Кинорежисерот, исто така, може да биде избран и од страна на продуцентот на самото дело. Во овој случај, продуцентот има право на вето врз она што не му се допаѓа при режирањето на филмот, бидејќи е работен според неговото сценарио. При режирање на поединечни епизоди за некое телевизиско шоу, одговорноста на кинорежисерот е некако намалена, поради причината дека видливиот изглед и нежноста на ТВ-сериите веќе се поставени, најчесто преку творецот на шоуто, извршниот продуцент, или само продуцентот.[3]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia