Клас-Јан Хунтелар
Клас-Јан Хунтелар (роден на 12 август 1983) — холандски фудбалер, напаѓач на Ајакс во холaндската Ердивајс и на холандската репрезентација. Хунтелар е опишан како "плоден напаѓач""[1] со "брилијантен прв допир"[2] и е споредуван во стил на играчи како Марко ван Бастен[3] и Руд ван Нистелрој.[4] Во 2009 година, поранешниот холандски селектор Луи ван Гал бил цитиран во неговата изјавата за играчот ", во пенал зоната, тој е најдобар играч во светот, нема ниту еден подобар."[5] Хунтелар играл за ПСВ, Де Графшап, Апелдорн, Херенфен, Ајакс, Реал Мадрид иМилан,[6] пред да се приклучил на Шалке 04 во август 2010 година, со кого се искачил на списокот на највисоки стрелци во Бундеслигата во сезоната 2011-12 со 29 голови. Хунтелар е исто така втор стрелец на Шалке на сите времиња, зад Клаус Фишер.[7][8] Тој се вратил во Ајакс на 1 јуни 2017 година со договор од една година.[9] Хунтелаар бил именуван за холандски фудбалски талент на годината во 2006 година и за "Играч на годината" на Ајакс во 2006 година, и бил дел од холандската репрезентација што го освоила УЕФА У-21 првенство во истата година, каде што бил прв стрелец на турнирот. Тој бил исто така именуван како еден од двајцата напаѓачи во УЕФА Тимот на турнирот. Тој е најдобриот стрелец на сите времиња на Холандската репрезентација под 21 година, со 18 гола во 22 настапи.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia