Клеман Лангле
Клеман Лангле (француски: Clément Lenglet), (Бове, 17 јуни 1995) – француски фудбалер, играч од одбраната на Барселона. ЖивотописКлупска кариераНанси (2013-2017)Својот прв професионален договор Клеман Лангле го потпишал во сезоната 2013-14 и веќе од следната сезона станал неопходен играч на одбраната на Нанси-Лорен. Во сезоната 2015-2016, Лангле одиграл 34 натпревари за Нанси кој ја освоил титулата во втората лига. Својот прв гол го постигнал на 29 јануари 2016 година[1] Во првата половина на сезоната 2016-17, 18 пати бил во почетната постава на Нанси во Лига 1.[2] СевиљаНа 4 јануари 2017 година, Лангле се преселил, потпишал договор до 2021 година со Севиља. Трансферот изнесувал 5 милиони евра [2]. Бил донесен да го замени сонародникот Тимоте Колоџејчак, кој преминал во Борусија Менхенгладбах.[3] За Андалусијците дебитирал на осум дена подоцна, на мечот од осминафиналето на кралскиот куп на Шпанија со Реал Мадрид кој завршил нерешено 3-3 (елиминирани со вкупен резултат 6-3) [4]. БарселонаНа 12 јули 2018 година, Лангле се преселил во Барселона, откако Блауграна ја активирала откупната клаузула на играчот во вредност од 35 милиони евра. [5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia