Клеопатра Македонска
Клеопатра (околу 356 п.н.е. — 308 п.н.е.), Клеопатра Македонска или Клеопатра Епирска — сестра на Александар Македонски во бракот на Филип II со Олимпија.[1] Принцеза во кралскиот двор а подоцна регент на Епир. Во други блиски роднински врски е со полусестрите Тесалоника Македонска и Кинана, како и полубратот Филип III Македонски.[2] Израснала во Пела, како принцеза. Во 338 п.н.е., Клеопатра останува во Пела со нејзиниот татко, додека нејзината мајка Олимпија е прогонета во Епир кај нејзиниот молосиски брат Александар I Епирски (вујкото на Клеопатра). Подоцна Филип сакајќи да го зајакне сојузништвото со Александар I Епирски, му ја понудил раката на Клеопатра. Во 334 п.н.е., се одржала голема свадбена свеченост по повод стапувањето во брак на Клеопатра и нејзиниот вујко Александар I Епирски во македонската престолнина Ајга. Токму тогаш бил убиен Филип II. [3] Веднаш после убиството на Филип II, скоро земените Клеопатра и Александар се враќаат назад во Епир. Набрзо, во нивниот брак се родиле две деца: Неоптолeм II Епирски и Кадмија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia