Кнез (влашки водач)Кнез или кенез (унгарски: kenéz; латински: kenezius; романски: cnez) ― кнез и наследниот водач на влашките (или романските) заедници, пред се во средновековното Кралство Унгарија. ТерминологијаСлужбените документи, напишани на латински, применувале повеќе поими кога ги споменувале влашките водачи (или поглавари) во Кралството Унгарија во 13 и 14 век.[1] Најискористените поими кенезиус и неговите врсти потекнуваат од словенскиот кнез.[2][3][4] Функцијата била тесно поврзана со заедниците што живеат според „влашкиот закон“, така што поимот кнез бил заменет со поимот скултетус во североисточните региони, каде што преовладувало германското право.[5] Територија подложена на власт на кнез била позната како кенезијатус (кнежевство).[6] Неколку кнежевства правеле војводство, кој бил подложен на повисок службеник, војводата.[3] Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia