Кованска Река
Кованска Река — река во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар. ТечениеКованска Река извира од месноста Флора на планината Кожуф, на надморска височина од 1.700 м. Ја одминува месноста Брлово, примајќи ја Брловска Река, па продолжува по падините на Кожуф најпрвин во правец југозапад-североисток, а потоа кај месноста Високи Камен свртува и продолжува во правец северозапад - југоисток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Кованец и Прдејци, а во Вардар се влева од нејзината десна страна, во близина на селото Прдејци, на надморска височина од 53 м.[1][2] ХидрографијаВкупната должина на реката изнесува 24 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 62 км2 и истото припаѓа на Егејскиот слив. Реката извира на надморска височина од 1700 м, а се влева на височина од 53 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1647 м, а просечниот релативен пад 69 ‰.[2] СтопанствоВо Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, како долгорочно решение за трајно решавање на проблемот на Општина Гевгелија била педложена изградба на брана на Кованска Река, сместена под селото Кованец, на надморска височина од 149 м, со зафатнина од 14.400.000 м3.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia