Ковачи на лажни пари
„Ковачи на лажни пари“ француски: Les Faux-monnayeurs — роман на францускиот писател Андре Жид, објавен во 1925 во книжевното списание Nouvelle Revue française (NRF). Иако веќе автор на неколку дела, како Визбите во Ватикан, Жид сепак во посветата на романот, упатена кон Роже Мартен ди Гар вели дека ова е неговиот „прв роман“ (отфрлајќи ги претходните публикации како „раскази“ или „сатири“). Романот се одликува со речиси научна прецизност и мозаична структура. Речиси секое поглавје во романот следи различен лик со различна приказна, ненужно поврзана со главниот заплет, на овој начин Жид гради мозаик испреплетен со најразлични гледни точки; во некои поглавја самиот автор се обраќа на читателот. Напуштајќи ја традиционалната линеарна структура, преку ликот на Едуард, Жид ги истакнува ограничувањата на романот, како книжевна форма која се обидува веродостојно да ја отслика реалноста, со намера да го отвори патот кон нови книжевни можности. Оваа книга денес се смета за една од најважните дела на ХХ. век, предвесник на некои книжевни движења како nouveau roman. Ова дело е вброено помеѓу стоте најдобри дела на ХХ. век во познатиот список на списанието Ле Монд. Во 2010, направена е телевизиска екранизација на романот, напишана и режирана од Беноа Жако. Насловот на романот се однесува на една случка во која неколку од ликовите прават измама со фалсификувани монети. Од друга страна, насловот претставува алегорија на лажните животи на повеќето ликови, така што читателот едвај може да ја разграничи вистината и лагата од она што тие го тврдат за себе. Конечно, поради нелинеарната структура на романот и неколкуте директни обраќања на авторот, како и тоа што еден од ликовите пишува роман со наслов Ковачи на лажни пари, тешко е да се разграничи каде завршува реалноста, а каде почнува фикцијата, наметувајќи го прашањето за оригиналот на некој предмет и неговата копија. Хомосексуалноста е во центарот на делото, илустрирана преку соперништвото на писателите Едуар и Робер, како и нивниот судир во обидот да ги заведат младите Оливие и Бернар. РезимеГлавен заплетГлавната приказна ја сочинуваат четири ликови. Бернар и Оливие, двајца средношколци и хомосексуалните писатели Едуар и Робер де Пасаван. Заплетот настанува од книжевното соперништво на писателите, но и желбата да ги заведат помладите. Бернар, некое време пред матурата, случајно наидува на љубовни писма кои му откриваат дека е плод на кратка врска на мајка му и непознат човек. Обземен од разочарување кон човекот кој го одгледал имајќи го ова на ум, Бернар решава потполно да се одрече од посвоителниот татко, кој пак чувствува посебна наклонетост кон Бернар, иако има неколку свои биолошки деца. Бернар, набргу го напушта домот и се засолнува кај еден од своите најдобри пријатели, Оливие, срамежливо и повлечено момче. Оливие надоместува за својата несигурност, барајќи внимание и одобрение од постарите, особено од неговиот вујко Едуар, кој исто така има силни чувства кон Оливие. Двајцата никако не успеваат да ги откријат чувствата еден на друг. Кога Едуар пристигнува во Париз го заборава куферот на железничката станица, а Бернар го користи ова да се зближи со него. Бернар во куферот го открива дневникот на Едуар во кој дознава дека Едуар е во Париз, поради бремената Лора, девојка на Вансан, постариот брат на Оливие, која ја има напуштено целосно. По низа случувања Едуар го наоѓа куферот и го поканува Бернар да му служи како личен секретар за време на планински престој во Швајцарија. Таму, Бернар е импресиониран од писателската работа на Едуар, а истовремено се заљубува во Лора. Оливие преку писмо дознава за радоста на Бернар поради што станува неверојатно љубоморен и дозволува да биде заведен од грофот де Пасаван, манипулативен писател кој живее раскошен боемски живот. Оливие застранува од своето вообичаено однесување, преобразувајќи се во арогантен, површен младич. За време на една книжевна вечер која ги обединува четворицата, Оливие, пијан и во состојба на депресија завршува во станот на Едуар. Утрото се обидува да се самоубие, не признавајќи што го довело до чинот на самоубиство. Со помош на Едуар, Оливие застанува на нозе, се оттргнува од грофот, и ја признава љубовта кон Едуар. Бернар, од друга страна, по разговор со Лора и Едуар решава да се врати кај татко си. Споредни приказниОд главната приказна се разгрануваат неколку споредни приказни:
Покрај овие споредни заплети, дел од романот е посветен на белешките на Едуар во кои се раскажува романот кој тој го пишува, кој впрочем го носи истиот наслов како романот на Жид. Ликови
НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia