Козеров
Козеров (германски: Koserow) — општина на островот Узедом во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Општината е мало крајбрежно бањско одморалиште,[2] Козеров се наоѓа на теснец на островот Узедом во Балтичкото Море, близу границата со Полска. Се наоѓа во рамките на Природниот парк Узедом и е една од четирите т.н. „килибарни бањи“ на островот, поврзани со 12-километри долгата песочна плажа, наречена „килибарна плажа“.[3] Другите три бањи се Лодин, Икериц и Цемпин. ИсторијаКозеров бил првпат споменат во 1347 како Кузерова (Cuzerowe, словенски за „коза“ или „кос“) и е една од најстарите населби со вендско потекло на островот Узедом.[4] Црквата во Козеров е уште постара, во употреба уште од крајот на XIII век; била изградена на камена основа, има многу богатства и е сметана за најстара црква на балтичкиот брег на Узедом.[5] Историјата на селото е претставена во легендарниот и страшниот пират Клаус Штертебекер, кој наишол на тајно место за криење во пештерите во Штрекелсберг.[4] Селото било опколено во текот на Триесетгодишната војна и биле украдени црковните ѕвона. По Стокхолмскиот договор на 1 февруари 1720, островот Узедом и Козеров потпаднале под пруско влијание. По административната реформа во 1815, Козеров станал дел од пруската покраина Померанија и од 1818 до 1945 бил дел од округот Узедом-Волин. ![]() Во 1820 биле изградени првите солени колиби за чување на уловената риба.[4] Козеров во тоа време бил една од најсиромашните заедници на Узедом. Туристите најпрвин започнале да пристигнуваат пешки, со кочии или со бротчиња во 1846. Неколку олујни поплави ја погодиле областа во 1872 и 1874,[4] влошувајќи ја економската состојба. Со векови, економијата на селото била заснована на риболов и земјоделство. Неговиот развој како одморалиште бил слаб поради слабите комуникации, но отпочнал со воспоставувањето на железницата на островот Узедом во почетокот на 1900-тите и кога била изградена мрежа на патишта. Биле изградени базени за мажи, жени и семејства, како и крајбрежна патека.[5] Во текот на Втората светска војна, крајбрежната патека била уништена во текот на ледената зима. Од 1993, општината повторно има нова патека. Козеров првпат добил железничка врска на 1 јуни 1911. Градот се препородил како морско одморалиште по изградбата на Пруската северна железница.[6] Географија![]() Козеров е сместен на најтесната точка на теснецот помеѓу северниот и јужниот дел на Узедом на сојузниот пат Б111, помеѓу сликовитата областа помеѓу Балтичкото Море и задните води. Селото е на ридовите Штрекелсберг (околу 60 метри надморска височина). Се наоѓа на околу 16 километри источно од приморското одморалиште Албек и 6 километри западно од Циновиц. Администрација![]() До 2005, Козеров бил административно седиште на општинската заедница Узедом-Мите. Денес е во рамките на општинската заедница Узедом-Југ со седиште во градот Узедом. Градоначалник е Детлеф Кроненфелд.[7] Сојузната служба за поморство и хидрографија на Германија управува со своја станица во Козеров.[8] ГрбКозеров има лого, но не и официјален грб. СообраќајКозеров е поврзан со сојузниот автопат Б111, како и со железница. Исто така е опслужуван од фериботот Духеров-Херингсдорф-Волгаст. Постојат редовни летови од блискиот Аеродром Херингсдорф на Узедом.[9][10] КултураРекреација![]() Козеров е една од четите килибарни бањи, заедно со Цемпин, Лодин и Икериц. Сите се сместени на најтесниот дел од островот.[11] Тие се сместени на 12-километри долгата песочна плажа наречена Килибарна плажа. Вкупната должина на плажите на балтичкиот остров Узедом е 42 км, правејќи островот да ги едни од најдолгите песочни плажи во цела Европа. Во 1993, Козеров бил прогласен за „национално признаено одморалиште“. Како приморско одморалиште нуди многу активности вклучувајќи пливање, едрење, сурфање, пешачење и велосипедизам.[5] ЗнаменитостиСелската црква (Dorfkirche) се наоѓа скоро скриена позади дрва од костени и опкружена од ѕид на големи камења. Таа е единствена средновековна црква на балтичкиот брег на Узедом и поседува неколку интересни архитектонски делови. Првичната камена градба од XIII век може сè уште да се види во средишниот дел на северниот ѕид со мали готски отвори за прозорци и скромната порта на стариот влез. Проширена во XV век со кула и храм, исто така има елементи на доцноготска архитектура. Особено богатство е средновековниот олтар во крилото, богато украсен со резбани фигури. Тој е последен, завршен, преостанат олтар од овој вид на целиот остров. Необичното големо распетие, кое било спасен од морето од рибари, било христијанизирано од месното население како „Крст Винета“. Потекнува од XV век и било направено во Скандинавија.[5] Германскиот теолог, Вилхелм Мајнхолд бил поставен за свештеник во Козеров во почетокот на 1820-тите.[12] ![]() Солените колиби Козеров се дрвени колиби и биле изградени околу 1820. Биле користени како складишта за камената сол и за посолување на уловот на локалните рибари во големи дрвени буриња. Посолената риба била главната исхрана за сиромашните селани во текот на зимските месеци. Уништени во олујните бури во 1872 и 1874, тие биле повторно изградени околу 1900. Останатите 15 колиби биле заштитени и денес, една од нив е музеј отворен од мај до септември.[5][13] Крајбрежната патека Козеров се протега на 261 метар во морето близу солените колиби и е добро место за поглед на градот и морето и овозможува приморска атмосфера.[5][13] Штрекелсберг (60 метри н.в.) — стрмен крајбрежен појас и највисоко ниво на брегот во Узедом. Нуди прекрасни погледи на морето и при ведро небо на ридовите Менхгут на островот Риген. На северозапад може да се види островот Ој, видлив поради светлата на својот стетилник. На југозапад е соседниот остров Волин.[14] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia