Колибри
Колибри (науч. Trochilidae) — семејство птици кои се блиски со сродните вистинските чиопи (Apodidae) и на чубастите чиопи (Hemiprocinidae), сите заедно влегуваат во заеднички ред на чиопите (Apodifoemes). Одредени автори ги издојуваат колибрите во сопствен ред. Семејството на колибрите има повеќе од 100 родови и околу 330-340 видови. Изглед и градба на телотоКолибрите се многу мали птици. Најмалите колибри кои истовремено се најмал вид на птици воопшто, Mellisuga helenae, заедно со клунот и пердувите на опашката се долги само 6 cm. Најголем вид е Patagona gigas, а големи се околу 25 cm. Поголемиот број колибри имаат шарени пердуви, по правило со метален сјај. Особености![]() Колибрите имаат многу голема честота на замавнување со крилјата, дури до 80 замавнувања во секунда. Тоа им овозможува лет на страна и на назад,[1] а может да лебдат во воздухот во едно место. Уште една особина на колибрите е што имаат осум пара ребра, другите птици имаат по шест. Срцето им работи од 400 до 500 удари во минута, дури и кога одмараат, а највисокиот отчукај на срцето е измерен на 1260 удари во минута. Бројот на вдишувања во минтуа им е 250. Додека спијат, драстично им се смалува честотата на удари на срцето. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia