Колумбија (велосипедска екипа)
Колумбија (кратенка според UCI: COL) — поранешна колумбиска професионална континентална велосипедска екипа со седиште во Адро (Италија). Настапувала во континенталните трки и трките од Светската турнеја, на кои добивала специјална покана.[2] Во јануари 2012 година било објавено дека екипата добила покана на италијанските класични трки Тирено-Адријатико, Милано-Санремо и Џиро ди Ломбардија.[3] Тие биле повикани да возат на Џиро д’Италија 2013.[4] Екипата била исто така повикана и на Џиро д’Италија 2014,[5] каде во текот на десеттата етапа на трката, членовите на екипата носела бела лента, во спомен на луѓето кои загинале во пожар на автобус во Колумбија.[6] Во 2015 година биле повикани на Вуелта а Еспања по првпат.[7] Во октомври 2015 година, екипата објавила дека се распаѓаат и дека нема да учествуваат во сезоната 2016, наведувајќи недостиг на спонзорства од колумбиското министертсво за спорт.[8] Состав на екипатаВелосипедисти во рамки на екипата се следниве:
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia