Комарец
Телото на комарецот е тенко и нежно, а на него се наоѓаат долги пипала и сам еден пар крилја. ОсобеностиУсните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но во целост се развиени само кај женките. Со тоа рило женките бодат различни животни, но и луѓе и ја цицаат нивната крв. Меѓутоа, мажјаците не се хранат со крв, туку со растителни сокови. Тие умираат веднаш по парењето, а женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места. Од јајцата изчегуваат ларви кои немаат крилја и по некое време се преобразуваат во возрасни, крилати комарци. Комарците се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде низ светот , до вода. Познати се дури 3100 видови, а многу од нив пренесуваат причинители на маларија, тропска треска, воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза. Во најголемиот дел од светот маларијата е сузбиена со уништување на комарците, а тоа вршено и со сушење мочуришта и употреба на инсектициди кои ги убиваат. Комарците како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia