КомплементВо теоријата на множества и други гранки на математиката, дефинирани се два вида на комплементи: релативен комплемент и апсолутен комплемент. Релативен комплементАко A и B се множества, тогаш релативниот комплемент на A во B, познат и како разлика на множества меѓу B и A, е множеството чии елементи припаѓаат на B, но не припаѓаат на A. Релативниот комплемент на A во B обично се пишува B − A (исто така и B \ A). Формално: Примери:
Следните изрази ги покажуваат некои важни особини на релативните комплементи во однос на операциите унија и пресек од теорија на множества. PROPOSITION 1: Ако A, B, и C се множества, тогаш важат следните идентитети:
Апсолутен комплементАко е дефинирано универзално множество U, тогаш релативниот комплемент на A во U се нарекува апсолутен комплемент (или едноставно комплемент) на A, и се означува со AC, што значи:
На пример, ако универзалното множество е множеството на природни броеви, тогаш комплементот на множеството непарни броеви е множеството парни броеви. Следниот израз ги покажува некои важни особини на апсолутните комплементи во однос на операциите унија и пресек од теорија на множества.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia