Компот
Компот е безалкохолен пијалак со поглеми парчиња овошје во шеќерен сируп.[1] Сирупот е безалкохолен бистар сок добиен со варење на овошјето во голем волумен на вода. Овошје за копот може да бидат: јагоди, кајсии, праски, јаболки, цариградски грозд, вишни и друго. Компотот е дел од кулинарските култури на земјите од Средна, Источна и Јужна Европа, како што се: Ерменија, Азарбејџан, Белорусија, Чешка, Украина, Русија, Полска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Литванија, Латвија, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Словачка и Романија. Компотот е широко користен начин за зачувување на овошјето во зимската сезона во земјите од Југоисточна Европа. Потрошувачката на компотот е во пад од 1980 година.Во многуте земји компотот е заменет со овошните сокови, безалкохолните пијалаци и минералната вода.[2] Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia