Комутатор (електротехника)![]() Комутатор – електричен прекинувач кој периодично ја сменува насоката на струјата во електромоторот или електричниот генератор. Комутаторот им овозможува на моторите да работат на, односно на генераторите да произведуваат, еднонасочна струја наместо наизменична струја. КонструкцијаКомутаторот обично се состои од пар меѓусебно изолирани бакарни контакти со полуцилиндричен облик, прицврстени околу изводот на вртечкиот дел и пар јаглени четкички поставени на пружина која е прицврстена на стационарниот дел на машината, кои комплетираат електрично коло од намотката на роторот до вон машината. Триењето меѓу бакарните контакти и четкичките предизвикува абење на двете површини. Јаглените четкички, бидејќи се направени од помек материјал, се абат побрзо и се проектирани да можат лесно да се заменат без раставување на машината. Бакарните контакти по правило се непристапни и, на малите мотори, не се проектирани да може да се поправат. На поголемите мотори, комутаторите може да се израмнат со гланцање. Секој сегмент на комутаторот е изолиран од соседниот сегмент; поголемите мотори може да содржат стотини сегменти. Патенти
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia