Кондензација![]() ![]() ![]() Кондензација (од лат. condensatio = „згуснување, збивање“) — промена во физичката агрегатна состојба на гасна состојба во течна[1] и како појава е обратна на испарувањето.[2] Кога состојбата на една материја преоѓа од гасна право во цврста, промената се нарекува десублимација (депозиција). Течноста настаната со кондензација се нарекува кондензат.[3] НастанокПроцесот на кондензација започнува со образуввањето на атомски/молекулски грстови од еден вид во рамките на неговата гасовита зафатнина, како што се образуваат дождовните капки или снегулките во облаците, или пак со контакт помеѓу таквата гасна состојба и (растворлива) течна или цврста површина. ПовратностВо зависност од каратерот на површината, постојат неколку можности за повраток на агрегатната состојба.
Најчести случаиКондензацијата најчесто се јавува при ладењето и/или набивањето на пареата до крајна презаситеност, кога молекуларната густина во гасната состојба ја достигнува максималната граница. Направата што лади и набива пареа и ја собира кондензираната течност се нарекува „кондензатор“. МерењеСтапката на кондензација во воздухот и испарувањето на водата од истиот при разни атмосферски притисоци и температури се мери со влагомер. Кај живите организмиПостојат разни организми што црпат вода по пат на кондензација. Такви се австралискиот гуштер молох, инсектите брашнари од брегот на Намибија и дрвата секвои од Западното крајбрежје на САД. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia