Конфедерација на слободни синдикатиКонфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е синдикален сојуз во Република Македонија, формиран на 28 декември 2005 година по отцепувањето на Синдикатот за образование, наука и култура на чело со Дојчин Цветановски од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Од декември 2015 година претседател на КСС е Благоја Ралповски.[1] Во 2005 година во редовите на ССМ се разгорува судир помеѓу тогашниот претседател на ССМ, Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. КСС е формирана како резултат на тој судир. Според оценката на Цветановски, ССМ и Муратовски се блиски до владата предводена од СДСМ и не се грижат за работничките права. Од друга страна, КСС е обвинуван дека е близок до ВМРО ДПМНЕ. При утврдувањето на претставителност на КСС, во 2015 година е констатирано дека КСС броел 47.404 членови кои плаќале членарина, што претставувало 10,02% од вкупниот број на вработени во Република Македонија,[2] односно нешто над потребниот праг од 10% за утврдување на претставителност на ниво на Македонија. Во 2010 година е констатирано дека КСС броел 43.727 членови кои плаќале членарина, односно 10,05% од вкупниот број на вработени во Република Македонија.[3] Според информациите на КСС, при формирањето КСС броел околу 53.000 членови за подоцна да порасне на околу 70.000 членови.[4] Членки на КССКСС е формирана од страна на четири синдикати: Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК), Самостојниот синдикат на вработените во одбраната (ССВО), Синдикатот на финансиските организации на Македонија (СФОМ) и Федерацијата за транспорт и врски (ФТВ). Подоцна кон КСС се приклучуваат и други синдикати и во моментот во КСС членуваат следните 10 синдикати:[5]
Во декември 2011 година Синдикатот за одбрана и безбедност (со околу 2.500 членови) ја напушти КСС и стана член на ССМ.[6] Досегашни претседатели на КСС
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia