Корејски Проток![]() Корејскиот Проток (корејски: 조선해협 во Ј. Кореја, 대한해협 во С. Кореја; јапонски: 対馬海峡) е проток помеѓу Јапонија и Јужна Кореја, што го поврзува Источнокинеското со Јапонското Море во северозападниот дел на Тихиот Океан. Во средината на протокот се наоѓа островот Цушима, кој го дели на т.н. „западен канал“ и Цушимскиот Проток („источен канал“). ГеографијаНа север протокот се граничи со јужниот брег на Корејскиот Полуостров, а на југ со југозападните јапонски острови Кјушу и Хоншу. Широк е околу 200 км, со просечна длабочина од 90 до 100 м). Островот Цушима го дели протокот на западен канал и Цушимскиот Проток. Западниот премин е подлабок (до 227 м) и потесен. СтруиНиз протокот минува топол ракав на морската струја Курошио, понекогаш наречен „Џушимска Струја“. Струјата започнува да тече кај јапонските острови и минува низ Јапонското Море, а потоа се двои на два дела по обата брега на островот Сахалин, Потоа продолжува низ северниот Тихи Океан низ премин кај Хокаидо, па завршува во Охотското Море кај Владивосток. Стопанско значењеНиз протокот сообраќаат многу трговски пловила до разни одредишта, особено оние упатени кон југот на Јужна Кореја. Јапонија и Јужна Кореја ги имаат ограничено своите територијални води на 3 морски милји (5,6 км) од брегот со цел да овозможат слободен проток на сообраќај меѓу нив.[1][2] Преку протокот проаѓаат и доста патнички траекти. Од особено значење се оние што одат од Пусан (Ј. Кореја) до јапонските пристаништа Фукока, Цушима, Шимоносеки и Хирошима, линиите од островот Цушима до Фукока, и оние од корејскиот остров Чеџу до корејското копно. Тука минуваат и траектите што водат до Кина. ИсторијаПротокот играл значајна улога во историјата на регионот уште од најрано време. Во протокот се одиграла значајната Битка кај Цушима помеѓу јапонската и руската морнарица на 27-28 мај 1905. Во судирот руската флота претрпела катастрофален пораз и била целосно уништена. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
34°35′58″N 129°47′48″E / 34.59944°N 129.79667°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia