Корисник:Gurther/Песок 3

Извештај од Велешкиот околиски одбор за велешките гимназијалци. Во писмото тие забележале дека гимназијалците ги поставувале следните прашања:

1. Зошто ние во Југославија не го поставуваме прашањето на присоединување на Егејска и Пиринска Македонија?

2. Зошто ние Македонците мораме обавезно да учиме српски јазик, а Србите не учат македонски јазик?

3. Зошто ние добиваме весници „Борба“, „Политика“ и други во српски, а „Нова Македонија“ не се праќа во другите делови на државата?

4. Зошто е Венко Марковски затворен, кога е најзначајниот македонски поет?

По Втората светска војна и сѐ до крајот на Периодот на Инфорбирото Југословенската власт вршела терор врз Велешаните кои се противставиле со новите одлуки на режимот. За време на теророт македонски националисти, србофили, бугарофили и верници на албанскиот национализам биле интернирани, уапсани, стрелани и чувани под надзор. Во 10 ноември 1944 година, брзо после Битката за Велес, нова комунистичка власт била формирана под раководство на Дончо Мирчев. Во јануари 1945 година почнале репресиите со велешкиот масакр. Голем дел од жртвите биле поранешни соработници на бугаскиот фашистички режим. Во истата година власта прекинала бунтови и протести организирани во Богомила, Долно Каласлари од турското малцинство и Иванковци од муслиманското население.

Меѓу 1946 и 1948 година различни здруженија никнале низ самиот град Велес, овие групи биле верници кон старата идеалогија на МРОнезависна обединета македонска држава. Нивните ставови биле противречни со тогашните југословенски гледишта и поради тоа биле укинати. Во југословенски досија тие се обележани како „ВМ“ организации или „ванчомихајловисти“. Поим употребен како синоним за фашисти и бугараши. Во 1946 година почнале судските процеси против велешките гимназијалци каде што националистички ученици биле прогонети во Идризово. Некои пак успеале да ги избегнат обвините.

Во 1948 година почнало Периодот на Информбирото каде што се влошиле односите меѓу Југославија и СССР. Подржувачи на Резолуцијата на Информбирото биле уапсани, осудени и прогонети во Голи Оток. Сѐ вкупно 95 жители од Велес и Велешко биле прогонети во островот. Различни значајни велешани страдале под новите одлуки како Панко Брашнаров, Бане Андреев и Дончо Мирчев. Сомнителни личности кои не биле пратени во островот биле под надзор. Во 1955 година со Белградската спогодба меѓу Тито и Хрушчов Периодот на Инфорбирото завршил, заедно со велешките репресии.

Покрај тоа што завршиле репресиите, југословенската власт продолжила да ги чува под надзор одредени личности. Во еден извештај од околискиот одбор во 1963 година 160 биле под надзор како „лица кои сѐ уште тешко се корегираат“. Некои од жртвите се преселиле надвор од државата или градот. Велешани кои страдале од теророт биле прогласени како државни непријатели. После распадот на Југославија и независноста на Македонија, некои од жртвите биле рехабилитирани во Македонската историографија и повторно проучени.

Вовед

Хронологија

1945

Велешки масакр

1946

1947

1948

Последици

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya