Користење на дигитални медиуми и ментално здравје
Поврзаноста помеѓу користењето на дигитални медиуми и менталното здравје се тема на студија на многу истражувачи - претежно психолози, социолози, антрополози и медицински лица - пред сè од средината на 1990-те години, после појавата и распротранувањето на World Wide Web. Обемен дел од истражувањето е поврзано со објаснување на феномени како прекумерна употреба кои се познати како "дигитални зависности[2][3]". Овие феномени се манифестираат на различни начини во многу општества и култури. Некои ексепрти ги имаат истражувано и позитивните страни на умерена употреба на дигитални медиуми во разлини сфери, вклучувајќи ги и тие во областа на менталното здравје и лекувањето на менталните здравстени проблеми со нови технолошки решенија. Не постои конкретна црта за да се раздели поволната од патолошката употреба на дигиталните медиуми. Не постојат широко признаени дијагностички критериуми иако некои експерти гледаат на преголемата употреба на медиумите како изразување на скриени психијатрсики заболувања. Префенцијата и лекувањето од зависност на дигиталните медиуми исто така не се стандардизирани иако постојат и се развиваат упатства за побезбедно користење на медиумите за деца и фамилии. Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални болести, петто издание (DSM-5) не ги вклучува дијагнозите за проблематично окристење на интернетот, проблематично користење на социјалните медиуми и прекумерно играње видео игри, додека единаесеттото издание на интернациналната класификација на болести ја вклучува зависноста од видео игри како посебна категорија. Експертите сè уште водат разговори за тоа како треба да се дијагностицираат овие здравствени појави. Користењето на термино зависност кога се зборува за вакви феномени и дијагнози исто така е тема на дискусија. Дигиталните медиуми и времето поминато пред екраните го имаат сменето позитивно и негативно начинот на кој децата мислат, се однесуваат со други и се развиваат, но истражувачите не се сигурни за постоењето на каузални врски помеѓу користењето на дигитални медиуми и како тие се манифестираат на менталното здравје. Такви поврзувања исто така зависат од платформите кои се користени. Неколку поголеми фирми имаат направено обиди и стратегии за да ги намалат ризиците од користењето социјални медиуми кај децата. Историја и терминологија![]() Врската помеѓу користење на дигиталната технологија и менталното здравје е истражена од неколку аспекти.[4][5][6] Пронајдени се придобивки од употребата на дигиталните медиуми во детството и адолесцентниот развој.[7] Истражувачите, клиничарите и јавноста изразуваат загриженост во однос на компулсивни однесувања на корисниците на дигитални медиуми, бидејќи поврзаноста помеѓу прекумерната употреба на технологија и проблемите со менталното здравје станува сè позабележана.[4][8][9] Термините кои се користат за компулсивното користење на дигиталните медиуми не се стандардизирани или универзално прифатени. Се користат "дигитална зависност", "проблематично користење", или "прекумерна употреба", во зависност од тоа која платформа на дигитални медиуми е користена или се истражува (како на пример проблематично користење на паметните телефони или проблематично користење на интернетот).[10] Неконтролирано користење на технолошки направи може да влијае врз развитокот, социјалната, менталната и физичката добробит и може да се појави со симптоми кои се слични на психолошка зависност или зависности во ондесувањето.[9][11] Фокусот на проблематичното користење на технологија во истражувањата, пред сè поврзано со парадигми на зависности во однесувањето, сè повеќе се прифаќа и покрај тоа што нема цврста стандардизираност и постојат контрадикторни резултати од различни истражвувања.[12] Зависноста од интернетот била предложена како дијагноза уште во средината на 1990-те,[13] и социјалните медиуми и нивната поврзаност со менталното здравје исто така биле предмет на истражуваља од 2009.[14] Според еден извештај на OECD, организација за економска соработка и развиток, имало позитивни ефекти од структурираното и ограниченото користење на интернетот кај децата и адолесцентните во полето на развојот и образованието, но преголемата употреба може да има негативно влијание на менталната добробит. Исто така, во периодот меѓу 2010 и 2015, забележан бил порасток од 40% во користењето на интернетот кај деца од школска возраст и нациите на OECD изјавиле дека има голема разлика на користење на технологијата од децата како и во поглед на платформите кои тие ги користат.[15] Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални болести, петто издание го нема формално кодифицирано проблематичното користење на дигиталните медиуми во дијагностички категории, но се изјасниле дека болеста на играње видео игри е појава што треба да се изучува понатамошно во 2013.[16] Зависноста од видео игри е официјално препозната како нарушување во МКБ-11.[17][18] Различните препораки во ДСМ и МКБ се делумно поради недостаток на консензус помеѓу експертите во полето, разликите во тоа што прирачниците за класификација го сметаат како битни аспекти, како и тешкотиите на користењето на животински модели истражување на зависностите во однесувањето.[11] Колку корист има употребата на терминот зависност кога се зборува за прекумерна употреба на дигитални медиуми е предмет на дискусија. Експертите тврдат дека користњето на овој збор за да се опишат нови, психијатриски категории кои се јавуваат како резултат на дигиталните технологии можеби не е најсоодвето кога ќе се спореди со други зависности односно прекумерна употреба на супстанци која се јавува кај други психијатриски нарушувања.[5][6] Користењето на терминот исто така бил предмет на критика поради споредувања што може да се направат со други однесувања поврзани со прекумерна употребата на супстанци, како алкохол, дрога итн. Користењето на терминот може да предизвика повеќе проблеми со тоа што ќе го потцени ризикот за повредување на луѓе кои се сериозно афектирани и може да ги прецени ризиците на прекумерно но непатолошко користње на дигиталните медиуми.[6] Обиди за тоа терминот на прекумерно користње на дигитални медиуми да се доближи до проблематична употреба наместо зависност биле претставени од страна на Панова и Карбонел, психолози на Ramon Llull University, во статија од 2018 година.[19] Поради недостатокот на признание на концептите кои се користат, тешко е да се стандардизираат и развиваат дијагнози и третмани за ваквиот концепт. Зголемени степени на јавна вознемиреност околу користењето на нови медиуми (вклучувајќи ги и социјалните медиуми, телефоните и видео игрите) исто така ги отежнуваат проценките кои може да се направат на ниво на целата популација и доведуваат до дилеми на тоа како треба да се пристапи кон проблемот.[5] Радески и Кристакис, уредници на списанието JAMA Paediatrics, објавиле статија која ја истражувала загриженоста околу здравствените и ризиците врз развојот и однесувањето на децата во полето на нивните когнитивни и лингвистички способности како и писменоста и социјално-емотивниот рарзвикот.[20] Поради тоа што многу технологии им се на лесен дофат на децата ширум светот, проблемот е двостран поради тоа што одземањето на дигиталните апарати може да има негативни ефекти во полиња како учење, динамика во односите со фамилијата и целокупниот развиток.[21] Проблематично користењеПокрај тоа што досега се имаат воспоставено врски помеѓу употреба на дигиталните медиуми и симптоми или дијагнози на менталното здравје, сè уште не постои диреткна причинска поврзаност. Нијанси во значење и други феномени кои се објавени од експерти се често недоволно разбрани од јавноста или не се точно прикажани од страна на медиумите.[6] Припадниците на женскиот пол се поранливи на прекумерно користење на социјални медиуми, а машките на видео игри.[22] Од ова може да се заклучи дека проблематично користење на дигиталните медиуми не е конкретен и сингуларен концепт и може да им се пристапи од неколку гледни точки, вклучувајќи ги платформите кои се користат или активностите на корисниците.[23] Ментално здравјеСпоред систематска анализа на истражувања спроведена во 2019 година, постои врска помеѓу проблематично користење на интернетот и психијатриски проблеми или проблеми со однесувањето како депресија, анксиозност, агресивност и синдром на дефицит на внимание и хиперактивност. Овие истражувања не можеле да докажат дека постои причинска поврзаност меѓу факторите и истражувачите нагласиле дека е битно да се дизајнираат проспективни истражувања во иднина.[4] Покрај тоа што преголемата употреба на дигиталните медиуми е поврзана со депресивни симптоми, дигиталните медиуми можат да се искористат во одредени ситуации за да го подобрат расположението.[24][25] Симптомите на АДХД биле позитивно поврзани со користењето на дигитални медиуми во едно големо проспективно истражување.[26] Еден од симптомите на АДХД којшто може да предизвика луѓето со синдром на хиперактивност да ги употребуваат дигиталните медиуми во преголема мера, најчесто при играње видео игри или зборување со други корисници, е хиперфокус.[27] Според технички извештај во 2016, биле идентификувани неколку добри и лоши страни на користењето на дигитални медиуми и менталното здравје кај адолесцентите. Овој извештај покажал дека начинот на кој биле користени социјалните медиуми е клучен фактор, кој е побитен од времето кое е поминато на медиумите. Намалување на добробитта и задоволството со животот биле најдени кај постари адолесценти кои пасивно консумирале содржини на социјалните медиуми, но вакви промени не биле забележани кај тие што биле поактивно вклучени во користењето на медиуми. Извештајот исто така пронашол параболична поврзаност помеѓу времето поминато на дигиталните медиуми и ризикот од депресија кај тие што го користат интернетот во премала и преголема мерка.[7] Според истражување во 2018 на кинеската социјална платформа WeChat, има поврзаност помеѓу здравствени симптоми кои самите субјекти ги искажале и преголема употреба на платформата. Наместо времето поминато на платформата, мотивацијата и начинот на којшто корисниците на WeChat го користеле овој медиум биле главните фактори кои влијаеле врз нивното психолошко здравје.[9] Во Велика Британија, истражување на 1,479 луѓе помеѓу 14 и 24 години ги споредило психолошките придобивки и проблеми на 5 големи платформи на социјалните медиуми: Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Твитер и Јутјуб. Заклучокот биле дека Јутјуб била единствената платформа со позитивен рејтинг врз основа на 14 прашања поврзани со здравје и добробит на испитаниците, а кај другите платформи се забележани негативни рејтинзи, пред сè кај користењето на Инстаграм за којшто бил добиен најнизок рејтинг. Истото истражување нашло некои позитивни ефекти на Инстаграм како што се самоизјаснување, сопствениот идентитет и заедницата, но нашло дека ваквите позитивни ефекти биле засенети од негативни ефекти, пред сè сонот, сликата за сопственото тело и стравот од тоа дека корисниците пропуштаат убави моменти во животот.[28] Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia