Королар

Королар (од лат. corollarium) е исказ кој непосредно следи од претходно докажан исказ. Во математиката короларот обично ѝ следи на една теорема. Употребата на поимот королар, наместо исказ или теорема е субјективна сама по себе. Исказот Б е королар на исказот А ако Б може непосредно да се изведе од А, но значењето на зборот непосредно зависи од авторот и контекстот. Честопати се смета дека короларот е од второстепено знаечење во споредба со првичната теорема, која се смета за најважна; Б најверојатно не би се нарекло королар ако неговите математички последици се еднакво значајни како последиците на А. Понекогаш короларот има доказ кој го објаснува изведувањето; понекогаш изводот се смета за очигледен сам по себе.

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya