Космос-1

Космос-1
Тип на мисија сателит наменет за истражување на јоносферата
Датум на лансирање 16 март 1962
Место на лансирање Капустин Јар, СССР
Крај на мисијата влегол во атмосферата во 1962
Орбитален наклон 49,0 °
Орбитален период 93,9 минути
Апоапсида 731 км
Периапсида 208 км
Меѓународна ознака 1962-008A

Космос-1 — еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.

Податоци

Општи податоци

Сателитот е лансиран од космодромот Капустин Јар, СССР на 16 март 1962 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од носечка ракета. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 315 килограми. Космос-1 бил сателит наменет за истражување на јоносферата.

Орбитални податоци

Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 93,9 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 49,0°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 731 км, а најмалото на 208.

Поврзано

Литература

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya