Коста ЈашмаковКоста Јашмаков (Битола, 29 октомври 1912) – учесник во НОБ, воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА.[1] Завршил воена академија. Во времето на Априлската војна (1941) бил капетан II класа на југословенската војска. Како член на КПМ и учесник во НОАВМ (од април 1944), првин бил началник на Штабот, а потоа командант на Третата македонска бригада (од 6 август 1944), делегат на Првото заседание на АСНОМ,[2] а како унапреден мајор (1 декември 1944) и командант на Четириесет и втората (кумановска) дивизија и началник на Штабот на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ.[1] По Ослободувањето бил помошник на командантот на воена школа, наставник на ВВА на ЈНА и др. Рано му престанала активната служба во ЈНА (1959 година) и бил пензиониран со чин потполковник.[1] НаводиЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia