Коста Црнушанов
Коста Георгиев Црнушанов (бугарски: Коста Георгиев Църнушанов; Прилеп, 23 јануари 1903 - Софија, 10 октомври 1996) — македонски општественик во Бугарија, деец на ВМРО, историчар, публицист и фолклорист.[1] ЖивотописКоста Црнушанов е роден на 24 јануари 1903 година во Прилеп. Дипломирал филозофија и историја во Белград. Автор е на многу повести, историски романи и мемоари книги. Еден е од основачите на ММТРО, младинската организација на ВМРО. Во 1928 година е во странство со цел да информира европската јавност за Скопскиот студентски процес. Во Виена издава весникот Ослободување. Во 30-те години на 20 век се преселува во Софија. Се враќа во Македонија за време на окупацијата во периодот 1941-1944 како училиштен инспектор. Вклучувајќи се активно во работата на обновуваниот во мај 1990 година, Македонски научен институт, тој е еден од обновувачите на Институтот. Активно соработува на списание „Македонски преглед“. Умира во Софија на 10 октомври 1996 година. Во 1998 година Коста Црнушанов е награден посмртно со наградата на Република Хрватска "Орден на Даница Хрватска со ликот на Марко Марулич". Творештво
НаводиИзвори |
Portal di Ensiklopedia Dunia