Кралицата Марго
Кралицата Марго (француски: La Reine Margot) — роман од Александар Дима. Бил издаден во 1845 година, а првично бил објавен во дневниот весник Ла Прес како фељтон меѓу 25 декември 1844 и 5 април 1845 година.[1] Од романот Александар Дима направил истоимена драма, изведена во 1847 година. По Кралицата Марго следат два други романи: Дам де Монсоро и Четириесет и петмината, со што се образува она што понекогаш се нарекува „трилогија Валоа“. Историски контекстДејството на романот се одвива помеѓу бракот на Маргерит де Валоа со Анри де Навара, идниот Анри IV, во 1572 година и смртта на Шарл IX од Франција во 1574 година. Александар Дима ги прикажува дворските интриги, атентатот на адмиралот де Колињи, Вартоломејската ноќ, измислената романса измислена помеѓу кралицата од Навара и грофот Де ла Мол, како и практиката на судска тортура за време на ренесансата. Катерина де Медичи ја прикажува како вознемирувачки лик, кој го користи својот фирентински астролог и парфимер Рене Бјанки за да ги убие своите непријатели. Романот го прикажува и заговорот за враќање на Навара на нејзиниот крал. СодржинаМаргарита де Валоа се мажи за Анри де Навара со политичка цел да воспостави мир меѓу протестантите и католиците во ерата потресена од верските војни. Бракот на сестрата на Шарл IX е повод за големи прослави во Франција и особено во Париз каде што луѓето се радуваат. Во оваа прилика, кралот на Навара и адмиралот Де Колињ ги собрале околу себе сите големи водачи на хугенотите и верувале дека мирот е можен. Но, стапиле во брак две битија кои не се сакаат и од почетокот на романот забележуваме дека секој од младенците има свои други врски. Ако брачната ноќ не е прилика за брачни должности, таа е сведок на политичкиот сојуз на крал и кралица, што ги обединува истата амбиција за моќ. Политичката верност на Маргарита кон нејзиниот сопруг брзо се докажува додека таа се залага за неговиот живот за време на колежот на Денот на Сен-Вартелемеј, за време на кој Шарл IX ги убил големите протестантски водачи со исклучок принцот од Конде и кралот на Навара . РасплетСепак, ужасниот колеж исто така е можност Марго да се сретне со грофот Жозеф Бонифас де ла Мол, протестантски великодостојни кој дошол во Париз да му ги понуди своите услуги на Анри од Навара. Тие имаат врска, но здравјето на кралот Шарл IX се влошува и постои сомневање за заговор. Бидејќи се потребни виновници, љубовникот на Маргарита е уапсен, мачен и егзекутиран. Извори за романотГлавните примарни извори со кои располагал Дима за да ги користи за повеста за кралицата Марго биле:
ВлијаниеРоманот помогнал да се зајакне мрачното предание за Катерина де Медичи и угледот на лекоумност на кралицата Марго.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia