Кралот на циганите
Кралот на циганите е американски драма филм на Парамаунт пикчрс од 1978 година во кој играат Ерик Робертс (во неговото филмско деби), Стерлинг Хејден, Шели Винтерс, Сузан Сарандон, Брук Шилдс, Анет О'Тул и Џад Хирш . Филмот, во режија на Френк Пирсон, кој исто така се потпишува и како сценарист, е адаптација на книгата Кралот на циганите од Питер Мас, објавена во 1975 година. Ја раскажува животната приказната за Стив Тене и неговата фамилија. Неколкумина од техничките советници, епизодисти и статисти кои работеле на филмот биле вистински роми. Дејвид Гризман ја компонирал музиката, во која многу истакната улога имаше легендарниот џез-виолинист Стефан Грапели, исто така двајцата се појавиле во кратките улоги на ромски музичари. Идната глумица Рејчел Тикотин играла една од ромските танчерки. Ерик Робертс бил номиниран за Златен глобус во 1979 година во категоријата „Најдобра дебитантска улога во филм – мажи“ за неговата изведба како Дејв. Резиме на заплетотФилмот се занимава со криминалните и бурни животи на група роми во раните 1960-ти во Њујорк. На својатa смртна постела нивниот „крал“, Жарко Степановиц (Стерлинг Хејден) го именува неговиот внук, Дејв (Ерик Робертс) за негов наследник. И покрај колебливоста на Дејв да стане новиот водач на ромите, таткото на Дејв, Грофо (Џад Хирш), огорчен што тој не е назначен за водач, се обидува да го убие Дејв. Грофо е манипулативен, непредвидлив и користи насилни методи и закани да го уцени кланот да го извршат убиството. На крај ова доведува до голема конфронтација со неговиот син и филмот завршува сугерирајќи дека Дејв конечно го прифатил неговото наследство; преку неговата нарација разгледувајќи ја можноста тој да ги одведе традиционално-врзаните роми кон начинот на живот и обичаите на 20тиот век. Улоги
ПродукцијаПитер Богданович беше првично најавен како режисер.[1] Додатни белешкиСестрата на Дејв, Тита, ја игра Брук Шилдс, а неговата девојка Шерон ја игра Анет О'Тул . Ова бил втор последователен филм во кој Сузан Сарандон и Брук Шилдс глумат мајка и ќерка, после Прити Бејби . Пет и пол години после премиерата на филмот, на 20 јуни 1984 година, Шели Винтерс и Ени Потс гостуваа во Вечерното шоу на Џони Карсон. Винтерс воопшто не се сеќавал на соработката со Потс во филмот и тој коментар бил урнебесно прифатен од публиката. Дел од овој сегмент бил репризиран на неколку специјални прослави за годишнината на Вечерното шоу. Исто така
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia