Кралска повластица
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Во Обединетото Кралство, Кралска повластица (англиски: Royal warrant of appointment) е привилегија доделена од старешинските членови на Британското кралско семејство на фирми и занаетчии кои снабдуваат добра или вршат услуги на поединци во семејството. Оваа повластица снабдувачот може да ја истакнува, и со тоа да се рекламира како и добива на престиж. Неколку други кралски семејства исто така го прават ова, во кои спаѓаат владеачките династии во Холандија, Данска, Тајланд и Шведска. Историски, ова постоело во речиси сите монархии. Околу 800 поединци и фирми - меѓу кои и неколку небритански фирми - држат повеќе од 1,100 повластици од Британското кралско семејство. Снабдувачот мора да има деловен однос со член на семејството најмалку пет години пред да може да се земе предвид за повластица. Дискреционо право на доделување на повластиците има Лордот-коморник, како претедател на Комитетот за повластици за деловни лица на кралското домаќинство (Royal Household Tradesmen's Warrants Committee). Повластицата се обновува секои пет години, но може да биде одземена во било кое време; некои повластици траат веќе повеќе од 100 години. Снабдувачите и понатаму наплаќаат за добрата и услугите - што значи дека со повластицата тие не стануваат бесплатни за никого. Повластиците се рекламират на табли на фирмата, заглавја на писма и производи со истакнување на грбот или значката на поединиот член на Кралското семејство во чие име е дадена повластицата. Под грбот стои реченицата „By Appointment to...“ („По назначување кон...“), проследено од титулата и името на членот на кралското семејство, па видот на снабдувани добра. Некои снабдувачи на Британското кралско семејствоОва се некои фирми кои го снабдуваат или го имаат снабдувано снабдувале Британското кралско семејство:
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia