Кралство Кастиља
Кралството Кастиља (шпан. Reino de Castilla) било едно од средновековните кралства на Пиринејскиот Полуостров. Се создало во текот на IX век, најпрво како вазалски посед под Кралството Леон. Името доаѓа поради големиот број замоци (шпан. castile) што биле градени во тој регион. Подоцна Кралството Кастиља заедно со соседните кралства учествувало во создавањето на Шпанија. До 1230 г. имало постојано соперништво помеѓу Кастиља и Леон, особено што поради браковите помеѓу монарсите на двете кралства честопати предизвикувале и борби за превласт помеѓу наследниците. Во 1230 г. Фердинанд III го наследил кралството Леон од татко му Алфонсо IX, а Кастиља од мајка му Беренгуела од Кастиља уште во 1217. Со тоа, преку личен сојуз тој ги обединил двете кралства, а освоил и други соседни територии и ја зацрврстил државата под името Кастиљска круна. Во 1469 кралицата Изабела I склучила брак со арагонскиот крал Фердинанд II и со тоа започнало обединувањето на тие две кралства во заедничка држава која го добила името „Хиспанија“ според античкото римско име за Пиринејскиот Полуостров. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia