Крвава месечина (роман)
Крвава месечина (норвешки: Blodmåne) — криминалистички роман од норвешкиот писател Ју Несбе, тринаесеттиот во серијалот за Хари Хуле.[1][2] Дејството на книгата се одвива во Лос Анџелес и Осло. СодржинаХари Хуле се враќа како приватен истражител со својата екипа составена од одметници. На почетокот од есента во Осло исчезнуваат две девојки што биле на иста забава кај познатиот милијардер Ред. На пронајденото тело полицијата забележува необичен „потпис“, кој навестува дека тоа е само почеток на нечии чудовишни намери. Откривањето на необичниот убиец бара и необичен детектив. Но легендарниот Хари Хуле е преселен во Лос Анџелес и е на добар пат да си ја оствари намерата — да пие до смрт. Одбива да се врати во Осло сѐ додека некогашната глумица Лусил, која му го спасува животот, не запаѓа во голема опасност. А тој може да ја спаси само ако го прифати ангажманот што доаѓа од неговиот роден град. Се враќа во Осло и составува чудна екипа — другар од детството што сега е трговец на кокаин, корумпиран полицаец и психолог на смртна постела. Има десет дена да го најде убиецот и да ја спаси Лусил. Времето немилосрдно тече додека над градот се надвиснува крвавата месечина.[3] Издание на македонскиРоманот на македонски јазик го издала издавачката куќа Три во 2023 година на 499 страни во 500 примероци, мек повез. Преводот е на Горица Попова.[3] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia