Крвна анализа

Современа лабораторија за хематологија во болницата.

Крвна анализа е лабораториско испитување на физичките и хемиските одлики и компоненти на примерок од крв. Анализата опфаќа број на црвени и бели крвни клетки (еритроцити и леукоцити); волуменот на црвените клетки, брзина на седиментација (таложење) и концентрација на хемоглобин; крвна група, структура и форма на клетките, структура на хемоглобинот и другите белковини; ензимска активност; и заемно привлекување. Посебни тестови ги откриваат супстанциите карактеристични за одредени инфекции.[1]

Наводи

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 5
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya