Кронбергер 61
Кронбергер 61 — маглина забележана од аматерски астроном во јануари 2011 година, додека пак поновите фотографии се снимени од страна на опсерваторијата Џемини.[2] Маглината е именувана по австриецот Матијас Кронбергер, член на аматерската група Дип Скај Хантерс. Се претпоставува дека маглината е на растојание од 13.000 светлосни години. Тие ја забележале маглината кога набљудувале во близина на северното соѕвездие Лебед.[3] Се очекува ова откритие да помогне да се разреши декадната дебата, за улогата на ѕвездените придружници во создавањето на структурата на планетарните маглини.[4] Маглината е во релативно мала област,која во моментот била испитувана од страна на вселенското летало на НАСА, Кеплер чија мисија е да најде планети и светлината од маглината се должи пред сè на двојно јонизираниот кислород.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia