Крошна![]() Крошна е оној дел од стеблото на растението што го сочинуваат гранките.[1] На нив има листови и репродуктивните елементи. Повеќе крошни на дадено место образуваат шумски покрив. Постојат најразлични облици на крошни. Два главни типа се крошните со нагорен раст, кои се конусни по облик, и крошните со надолен раст, кои се округли. Други својства на крошните се нивната ширина, површина, зафатнина и густина. По димензиите на дадениот примерок се утврдува здравствената состојба, фаза на растот и ефикасноста на растението. Крошната има за задача да ја претвора енергијата со фотосинтеза, да ја испушта со дишење и да ја испушта водата кон атмосферата со транспирација. Овие функции ги вршат листовите. Гранките даваат механичка потпора и ефикасно ги распоредуваат листовите и спроведуваат ресурси (вода, хранливи материи, фотосинтати) за извршување на овие функции. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia