Кројцерова соната (новела)
Кројцерова соната (руски: Крейцерова соната) — новела на Лав Толстој, именувана по Кројцеровата соната на Бетовен. Новелата била објавена во 1889 година и била цензурирана од руските власти. Делото е осврт, и поглед за неуспешноста на бракот како заедница во која љубовта изумира, а хармонијата меѓу партнерите се претвора најчесто во едно големо недоразбирање и оттуѓување[1]. СодржинаЗа време на возење со воз, Позднишев слуша разговор за брак, развод и љубов. Кога жената тврди дека бракот не треба да се договори туку да се заснова на вистинска љубов, таа прашува „Што е љубов?“ и посочува дека, ако се сфати како ексклузивна предност за една личност, таа често поминува брзо. Конвенцијата налага паровите да останат заедно, а почетната љубов може брзо да се претвори во омраза. Потоа раскажува како кога бил млад посетувал проститутки и се жали дека женските фустани се дизајнирани да ги разбудат машките желби. Тој понатаму наведува дека жените никогаш нема да уживаат еднакви права со мажите сè додека мажите ги гледаат како предмет на желба, но сепак ја опишува нивната ситуација како форма на моќ над мажите, спомнувајќи колку од општеството е насочено кон нивното задоволство и благосостојба и колкаво влијание имаат врз постапките на мажите. Откако ја запознл и се оженил со својата сопруга, наизменично им менуваат периоди на страсна љубов и жестоки тепачки. Таа раѓа пет деца, а потоа добива контрацептивни средства: „Последниот изговор за нашиот свиреп живот – децата – потоа беше одземен, а животот стана погрозен од кога било“. Неговата сопруга го сака виолинистот Трухатчевски и двајцата заедно ја изведуваат Бетовеновата „Кројцерова соната“ (соната бр. 9 во А-мол за пијано и виолина, оп. 47). Позднишев се жали дека некоја музика е доволно моќна да ја смени внатрешната емотивна состојба. Ја крие својата бесна љубомора и оди на пат, се враќа рано, ги наоѓа Трухатчевски и неговата сопруга заедно и ја убива сопругата со нож. Виолинистот бега: „Сакав да трчам по него, но се сетив дека е смешно да се трча по љубовникот на својата жена во чорапи; и не сакав да бидам смешен, туку страшен“.[2]. ![]() ЦензураОткако делото било забрането во Русија од страна на цензорите, нашироко била распространета самизадска верзија. Во 1890 година, Одделот за пошта на Соединетите Држави го забранил испраќањето на весници што содржеле продолженија од Кројцерова соната. Тоа го потврдил и државниот обвинител на САД во истата година. Теодор Рузвелт го нарекол Толстој „сексуален морален перверзник“. Забраната за неговата продажба била укината во судовите во Њујорк и Пенсилванија во 1890 година[3]. Концептот и идејата на авторотТолстој, сите несогласувања и негирања за ова дело ги објаснил пишувајќи од позиција на длабока религиозност (која ја објаснил во Исповедта во 1882 година), тој истакнува дека не Христос, туку Црквата (која тој ја презирал) го воспоставила бракот. „Идеалот на христијанинот е љубов кон Бога и ближниот, одрекување од себе за да му служи на Бога и на својот ближен; телесната љубов, бракот, значи служење на себеси, и затоа е, во секој случај, пречка во службата на Бога и на луѓето. ![]() ![]() [4]. АдаптацииТеатар
Филм
МузикаНовелата, инспирирана од музиката на Бетовен, била и инспирација за гудачки квартет на Леош Јаначек. БалетВо 2000 година, Балетот Каролина, со оригинална кореографија на Роберт Вајс и комбинирање на музиката на Бетовен, Јаначек и балетски сегменти СликарствоРоманот бил инспирација за сликата „Кројцерова соната“ од 1901 година на [[Рене Франсоа Ксавиер Прине, која покажува страстен бакнеж помеѓу виолинистот и пијанистката. Сликата се користела со години во рекламите за парфеми на Табу. РоманиРоманот „Второ лице еднина“ на арапскиот израелски автор Сајед Кашуа од 2010 година ја одгласува „Кројцеровата соната“ сместена во денешен Израел. Холандската авторка Маргриет де Мур напишала книга наречена „Kreutzersonate“ по гудачкиот квартет на Јаначек, инспирирана од новелата и Бетовен. НаводиЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia