Кукова Ледена Плоча![]() Кукова Ледена Плоча — ледена плоча од околу 90 километри широчина, зафаќајќи длабока рецесија на крајбрежјето помеѓу Фрешфилдовиот ’Рт и Хадсоновиот ’Рт, источно од Дикиновиот Залив. Овој залив бил откриен од страна на Истражувачката експедиција на САД во 1840 година, а Вилкс го нарекувал „Заливот на разочарувањето“.[1] Оваа вдлабнатина била наречена Куков Залив од страна на австралазиската антарктичка експедиција, 1911–14, под Даглас Мосон, кој ја именувал по Џозеф Кук, премиер на Австралија во 1914 година. Генеричкиот термин е изменет, бидејќи заливот е трајно исполнет со ледена полица. Научниците кои ги проучуваат ефектите од глобалното затоплување предложиле дека навлегувањето на морската вода во областа може да дестабилизира значителен дел од ледената покривка на источниот Антарктик.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia