Кума (река)
Кума (руски: Кума́) — река во Северен Кавказ, јужна Русија. Тече во североисточен правец и се влева во Каспиското Езеро. Долга е 802 км и има сливна површина од 33.500 км2.[1] Извира од Голем Кавказ во Карачаево-Черкесија, западно од Кисловодск. Тече на североисток низ Ставрополскиот крај (градовите Минералние Води, Зеленокумск, Будјоновск, Нефтекумск) и потоа на исток низ Прикасписката Низина како природна граница помеѓу Калмикија и Дагестан. Овој дел од долнината на Кума го сочинува источниот дел на Кумо-маничкиот Канал, одвојувајќи ја Источноевропската Низина од Кавказот. Кума завршува во Кизљарскиот Залив на Каспиското Езеро кај границата помеѓу Дагестан и Калмикија. Највеќето реки што течат на север од Кавкаските Планини во Терско-кумската Низина се одводнуваат во реките Кубањ и Терек. Кума извира во сливовите на овие две реки, па затоа Кума е претежно степска река. Реаката обемно се користи за наводнување. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia