Кумрија Андреева

Кумрија Андреева (Тресонче, Дебарско, 1872- исто така, 1913) — македонска револуционерка.

Животопис

Андреева е родена во 1872 година во дебарското село Тресонче. Била постојана курирка во кичевско-галичкиот револуционерен реон. Како курирка, најсовесно ги исполнувала наложените задачи со што ги одржувала во постојана врска четите со легалните начелства во реонот.[1]

Во 1913 година, кога Србите го окупирале овој крај, била насила извлечена од куќата, на полноќ, со врзана уста, а потоа била соблечена гола пред црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Тресонче и најжестоко мачена по што била убиена и фрлена во една провалија да ја јадат кучињата. Трупот и стоел непогребен три дена.

Наводи

  1. Реканско Галички војводи, преземено од http://mn.mk на 31.07.2012 г.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya