Кучковски манастир
Кучковски манастир — македонски православен манастирски комплекс кој се наоѓа во скопското село Кучково.[1] Самата црква на манастирот потекнува од 1346 година, додека помошните објекти, конаците и самата камбанарија потекнува од крајот на XX век, кога целиот манастир бил обновен. Сместен е на рид над селото. МестоположбаМанастирот се наоѓа северно од селото, сместен на рид над селото. ИсторијаСредишниот дел на манастирот е изграден во 1346 година, а од 1986 до 1990 година биле изградени камбанаријата, старите и новите конаци.[2] МонаштвоВо манастирот постоел монашки живот до 2014 година, кога починал последниот монах Наум.[3] ЦрквиЦрква „Св. Ѓорѓи“Црквата „Св. Ѓорѓи“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Иконостасот во црквата бил направен од страна на Петре Камењарката од кратовското село Лесново од делкан камен и е еден од ретките од тој вид во Скопско. Фреските во манастирската црква биле обновени од Петре Велешанецот со неговата тајфа.[2] Впечатлив е целиот фрескоживопис на црквата.[4] Во црквата се наоѓале и познати икони на Св. Богородица и Св. Јован, кои сега повеќе не се наоѓаат во самата црква.[3] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia