Куќа на славата на текстописците
Куќа на славата на текстописците (анг: Songwriters Hall of Fame (SHOF)) е американска институција основана во 1969 година одЏони Мерсер, Абе Олман и Хауи Ричмонд за да им оддаде признание на заслужните текстописци на песни од популарната американска музика. Не само што им се оддава признание на етаблирани текстописци, туку институцијата е вклучена и во развој на нови таленти за пишување песни на англиски јазик преку работилници, изложби и стипендии. Развиени се многу програми за совладување на техниките на пишување песни и за откривање на нови текстописци на англиски јазик. Нил Роџерс е претседател на организацијата.[1] Куќата на славата била основана во 1969 година, а во 2010 година, била поставена интернет изложба во Гремиевиот музеј на L.A. Live во Лос Анџелес.[2] Куќата нема постојана адреса, а бидејќи наградите не се пренесуваат на телевизија, нема да има друга дигитална снимка од настанот.[3] Има многу примери кога два текстописци кои соработувале се примени заедно, при што секоја личност се смета за одделен учесник. Во првата година биле примени 120 музичари, а многумина од нив имале професионално партнерство, како Роџерс и Хамерштајн. Следеле Бурт Бачарах и Хал Дејвид во 1972 година. Бети Комден и Адолф Грин биле избрани во 1980 година, а Либер и Столер биле примени во 1985 година. Џон Ленон и Пол Макартни биле примени во 1987 година.[4][5] Истата година, Гери Гофин, Керол Кинг, Бери Ман и Синтија Веил биле примени во SHOF. Екипата од Motown 's Holland-Dozier-Holland добила признание следната година. Елтон Џон и Берни Таупин биле меѓу избраните во 1992 година, а тројцата браќа од поп-музичката група Bee Gees биле примени во 1994 година. Queen била прва рок група од која сите членови биле примени во 2003 година.[6][7] Пет членови на Earth, Wind & Fire биле во класата во 2010 година. Четворица членови на „Kool and the Gang“ биле одликувани во 2018 година. До 2019 година, 461 лице биле примени во SHOF. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia