Кшиштоф Пјонтек
Кшиштоф Пјонтек (роден на 1 јуни 1995 во Џержоњов) - полски фудбалер напаѓач на Салернитана, на заем од Херта Берлин, и на полската репрезентација. Технички карактеристикиЦентрален напаѓач, кој исто така може да игра и како втор напаѓач или како десно крило.[1] Клупска кариераПочетоци, Лехија Џержоњов, Заглебје Лубин и КраковијаРоден во Џержоњов, Пјонтек ја започнал својата кариера во екипата на Лехија Џержоњов во која напредувал низ младинските категории, а на 17-годишна возраст го направил своето деби во третата дивизија.[2] Во 2013 година бил купен од Заглебје Лубин. Во 2014 година, по една сезона во вториот тим, тој бил промовиран во првиот тим. Дебитирал во полската Екстракласа (највисоката лига во државата) на 18 мај 2014 година против Краковија.[3] На 28 август 2016 година, тој бил купен за 500.000 злоти од Краковија, со која потпишал четиригодишен договор. Дебитирал за новиот клуб на 8 септември 2016 против Лехија Гдањск, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 71-вата минута. Вкупно, тој постигнал 32 гола во 63 натпревари во Екстракласа во текот на две сезони (вкупно 65), и бил трет најдобар стрелец во лигата во сезоната 2017-2018 со дваесет и еден постигнат гол.[4] ЏеноваНа 8 јуни 2018, Пјонтек потпишал четиригодишен договор со италијанската Џенова, а сумата на трансферот изнесувала околу 4 милиони евра.[5] На 11 август 2018 година, тој го направил своето деби во официјален натпревар во дресот на Џенова, постигнувајќи 4 гола за 37 минути во натпреварот од Купот на Италија во кој грифоните го победиле Лече со 4-0;[6] со што станал првиот играч на Џенова кој постигнал четири гола во ова натпреварување. МиланНа 23 јануари 2019 година, Милан објавил дека потпишал сп Пјонтек договор до 30 јуни 2023 година[7], со надомест од 35 милиони евра. Тој го избрал дресот со број 19[8] . Пјонтек го имал своето деби за Милан на 26 јануари против ФК Наполи, заменувајќи го Патрик Кутроне[9]. Три дена подоцна против истите противници, исто така, на Сан Сиро, ги постигнал двата гола во победата од 2:0 во четвртфиналето на Купот на Италија[10]. Пјонтек бил прогласен како најдобар играч на тимот во натпреварот и најдобар фудбалер од навивачите[11]. На 3 февруари 2019 година, Пјонтек го постигнал својот прв лигашки гол против ФК Рома, кој завршил со резултат од 1-1[12] . Крајот на сезоната, Пјонтек ја завршил со вкупно 9 погодоци. Статистика каријереЗаступљеност
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia