Лавовите на Бреда СолиниЛавовите на Бреда Солини бил баталјон партизани од областа Мантуа, составен исклучиво од италијански Синти кои избегале од концентрациониот логор Пригнано сула Секија (во провинцијата Модена), каде што биле затворени во септември 1940 година.[1][2] ИсторијаЏакомо „Гнуго“ Де Бар, синто од Емилија, бил затворен како дете заедно со своето семејство во концентрациониот логор Пригнано сула Секија, во провинцијата Модена, во септември 1940 година.[3] Со примирјето од 8 септември 1943 година, неговото семејство успеало да побегне од концентрациониот логор и заедно со другите италијански семејства Синти од Северна Италија, се приклучиле на партизанските бригади во есента 1943 година.[4]
Партизанската бригада била формирана од циркуското семејство Де Бар (дедо Жан бил конторционист, а вујко Рус акробат што движел по јаже), кои од учесници на настапите на плоштадите преку ден,[6] ноќе се трансформирале во борци, вршејќи диверзантски акции против Германците,[7] возеле наоколу со опремен камион, крадејќи им го оружјето и муницијата, подоцна снабдувајќи ги партизаните.[8] Формацијата дејствувала на границата помеѓу Мантуа, Модена, Реџо Емилија и Кремона[9], особено во областа Мантуа помеѓу Бреда Солини и Ривароло дел Ре (моментално Ривароло Мантовано ). Мештаните ги сметале за херои, затоа што користеле насилство само доколку е потребно, го добиле прекарот Лавовите на Бреда Солини, по акцијата во која разоружале патрола на германската авангарда.[8]
Наводи
Библиографија
Поврзано
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia