Ладислав III (Унгарија)
Ладислав III (унгарски: III. László, Словачки и хрватски: Ladislav III, ~1200 – 7 мај 1205) бил крал на Унгарија и Хрватска помеѓу 1204 и 1205 година. Тој бил единственото дете на кралот Емерик. Ладислав бил крунисан за крал по наредба на неговиот болен татко, кој сакал да го обезбеди наследството на неговиот син. Додека кралот умирал, тој го направи својот брат, Андреј , регент за периодот на малолетништовото на Ладислав. Сепак, војводата Андреј ги игнорирал интересите на детето. Како резултат на тоа, мајката на Ладислав, Констанца од Арагон , побегнала во Австрија, земајќи го Ладислав со неа. Ладислав неочекувано починал во Виена . Почетокот (околу 1200-1204)Ладислав бил единственото познато дете на кралот Емерик и неговата сопруга, Констанца од Арагон.[1] Точниот датум на раѓањето на Ладислав не е познат, но веројатно е дека тој е роден околу 1200 години, според историчарите Ѓула Кристо и Ференц Мак.[1] Откако сериозно се разболел, кралот Емерик го наредил крунисувањето на Ладислав во обид да обезбеди добра иднина за неговиот син.[2] Јован, архиепископ Калоцки, го крунисал Ладислав на 26 август 1204 година.[3] [4] Емерик се помирил со својот помал брат, Андреј, кого го затворал.[5] Тој го ослободил Андреј и го направил регент за време додека Ладислав да стане полнолетен.[6]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia