Ладнокрвност![]() Ладнокрвни животни или ектотермни животни се оние животни кои ја одржуваат телесната температура со помош на надворешни (екто = надворешност) фактори. Изразот „ладнокрвни“ денес се смета за застарен. Напредокот на проучувањата за тоа како животните ја одржуваат внатрешната температура (терморегулација) покажал дека разграничувањето на ладнокрвни и топлокрвни животни не е прецизно, туку дека најголемиот број животни во различни ситуации припаѓаат некаде во средината помеѓу тие два екстреми. Дефиниции![]() Ладнокрвните животни главно користат некои од следниве форми на терморегулација:
Голем број ладнокрвни животни користат комбинација од некои од овие форми. Типови на контрола на температуратаНекои примери за контрола на температурата се:
Како што може да се забележи, и топлокрвните животни користат некои од овие техники, на пример тресење за да се загреат. Ладнокрвните животни често имаат посложен метаболизам од хомеотермните, бидејќи тој варира со температурата. Поради тоа, ладнокрвните животни ретко поддржуваат сложени органски системи, како што е мозокот или крилјата. Некои од најсложените адаптации на околината во природата се откриени токму кај ладнокрвните животни. Општо гледано, ладнокрвните животни не го користат својот метаболизам за да се загреат или оладат. Поради тоа користат и многу помалку храна и енергија - 1/3 до 1/10 од топлокрвните. Некои поголеми ладнокрвни животни, поради големиот однос на телесниот волумен и телесна површина, се способни да одржат релативно висока телесна температура и високо ниво на метаболизмот. Овој феномен, познат како гигантотермија е забележан кај големите морски желки, големите ајкули, а веројатно бил присутен и кај диносаурусите. ПоврзаноНадворешни врски
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia