Лазар Бицанов
Лазар Димитров Бицанов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација. Животопис![]() Бицанов е роден во селото Зелениче, Леринско, тогаш во Османлиското Царство. Влегува во редовите на ВМОРО по што во 1899 г. станува претседател на револуционерниот комитет во родното Зелениче заедно со Стојането. Влегува во група за доставки на оружје заедно со Пандил Шишков, Дине Абдураманов и Стефан Настев[1], а покасно и во околискиот револуционерен комитет во Лерин. Во 1905 г. е осуден на 15 години затвор. Амнестиран е по Младотурската револуција во 1908 година.[2] Учествувал во Првата светска војна. На 25 декември 1916 г. бил запишан за подофицер во Партизанската чета на Никола Лефтеров.[3] Бицанов го основал на Леринско благотворително братство во август 1919 г.[4] Учествувал како делегат од Леринското добротворно братство на обединувачкиот конгрес на Сојузот на македонските емигрантски организации во јануари 1923 година.[5] Тој бил деец на Илинденската организација и во 1927 г. бил избран како нејзин раководител.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia