До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Луково, која била споена со Општина Струга.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, сместено меѓу планините Јабланица на југ и Радук на север. Оддалечено е 22 километри северозападно од Струга.
Историја
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во рамките на Охридската каза, во Отоманското Царство.
До 1913 година, земјата на денешното село Лакаица била дел од селото Стеблево, која главно се користела како пасиште. Во 1913 година, Стеблево попаднало во границите на Албанија и неговата земја била поделена помеѓу Албанија и Србија. Стеблевчани го основале селото Лакаица на српска територија, која зафаќа една четвртина од земјата на Стеблево.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
63
—
1953
78
+23.8%
1961
84
+7.7%
1971
60
−28.6%
1981
6
−90.0%
Година
Нас.
±%
1991
2
−66.7%
1994
7
+250.0%
2002
3
−57.1%
2021
0
−100.0%
Во 1961 година селото Лакаица имало 84 жители, додека во 1994 година живеат само седум жители, сите Македонци.
На пописот од 2002 година, во селото се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Рајковци (5 к.) доселени се од селото Стеблево во Голо Брдо и веруваат дека водат потекло од основачите на селото Стеблево кои дошле од селото Магарево кај Битола; Коловиќи (1 к.) доселени се од селото Стеблево. Подалечно потекло имаат од областа Матија во северна Албанија. Од каде предците им избегале од крвна одмазда. Постаро име за нив е Мациновци, ги има иселено и во Скопје; Цврковци или Цварковци (3 к.) доселени се од селото Стеблево, каде припаѓале на родот Ѓерановци. И тие се од основачите на селото; Бецековци (1 к.) и Стевовци (1 к.) доселени се од селото Стеблево. Таму припаѓале на родот Стевовци; Филоќевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Клење во Голо Брдо; Миленковиќ (1 к.) доселени се од селото Клење. Таму припаѓале на родот Плаушковци. Имаат иселеници и во Скопје; Дреовци-Андреовци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Себишта во Голо Брдо.[8]