Лауренс де Вресе
Лауренс де Вресе (холандски: Laurens De Vreese; р. 29 септември 1988 во Гент) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално возел за периодот 2011-2021. Де Вресе бил национален друмски првак под 23 години во 2010 година.[1] КариераДе Вресе започнал како професионален на почетокот на сезоната 2011, возејќи како член на Топспорт Вландерен-Меркатор. На Лиеж-Бастон-Лиеж 2012, Де Вресе бил еден од возачите кои биле дисквалификувани од трката како последица на тоа што си скратиле дел од рутата.[2] Де Вресе го напуштил Топспорт Вландерен-Балоас на крајот на сезоната 2013 и се приклучил на Ванти-Груп Гобер за сезоната 2014.[3] Подоцна, во август 2014 година, Астана објавиле дека Де Вресе потпишал едногодишен договор со екипата за 2015 година.[4] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[5] Достигнувања
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia