Лаутер (Саксонија)
Лаутер (германски: Lauter) — град во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија, помеѓу двата града Ауе и Шварценберг. Се наоѓа на Рудните Планини, 4 километри југоисточно од Ауе и 4 километри северозападно од Шварценберг, има 4.927 жители, со површина од 21,55 км² и припаѓа на Лигата на градови Зилберберг (Städtebund Silberberg). Од 1 јануари 2013 година е дел од градот Лаутер-Бернсбах. Низ градот поминува Сребрениот пат, Bundesstraße 101. Лаутер има железничка станица на линијата Цвикау-Шварценберг и е опслужуван од регионалните возови, управувани од Erzgebirgsbahn (подружница на Германските железници) помеѓу Цвикау и Јохангеоргенштат. ИсторијаГрадот се развил од шумско село (Waldhufendorf), основано во доцниот XII век на западниот крај од долината Шварцвасер. Името е документирани низ вековите како Lawther (1460), Lawte (1501) и Lauttera (1590). Градот го добил ова име од истоимениот поток Lauter, иако ова име повеќе не се користи за водниот тек. Покрај земјоделството и везењето корпи, и рударството е широко распространето. Кога започнала индустријализацијата во XIX век, многу машински фабрики и металопреработувачки и друвни работилници, како и фабриката за емајл започнале со работа во градот. Градските права ги добил во 1962 година. Во раните 1950-ти, фудбалскиот клуб БСГ Емпор Лаутер играл успешно во Горната лига на Источна Германија, додека не бил префрлен во Росток во 1954 година. Неговиот тим наследник Ханза Росток сега игра во првата Бундеслига. НаселениеСледниве бројки се однесуваат на 31 декември во секоја дадена година.
Познати луѓе
Родени во градот
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia