Ла Специја![]() Ла Специја; (A Spèza на локалниот дијалект Специно) е главен град на провинцијата Ла Специја и се наоѓа на чело на Заливот Ла Специја во јужниот дел на регионот Лигурија во Италија. Ла Специја е вториот по големина град по Џенова во регионот Лигурија. Сместен е приближно на половина пат помеѓу Џенова и Пиза, на Лигурското Море, и претставува едно од главните италијански воени и комерцијални пристаништа и тука се наоѓа голема база на италијанската морнарица . Градот е популарно приморско одморалиште и значаен железнички спој. Познат е по своите музеи, по трката за веслање Палио дел Голфо и по железничките и бродските врски со Чинкве Тере. Историја![]() Во главниот град Ла Специја биле населени луѓе уште од праисторијата. Во римско време најважен центар бил Луни, недалеку од Сарзана. По падот на Република Џенова, независна држава до 1797 година, Ла Специја растела, се развивала и се менувала, иако по линии слични на главниот град на Лигурија, Џенова. Ова лигурско влијание сè уште може да се види во урбаниот распоред, како и во типовите на згради и украси. Ова е забележливо во каруџо, тесната улица што го дели Стариот град на два дела. Се нарекува Виа дел Прионе, земајќи го своето име од пиетроне или големиот камен, на локалниот дијалект прионе, каде некогаш се читале јавни објави. Одејќи кон копното од морето, можно е да се видат делумно скриени, но сепак очигледни, траги од историјата: врежани камења и портали во песочник од XIV и украси слични на оние што ги красат порталите на палатите кои некогаш припаѓале на семејството Дорија и принцовите од Маса . Ла Специја значително се развивала по 1861 година кога бил нарачан големиот поморски арсенал од страна на кралската влада. Во септември 1943 година, по италијанската капитулација пред сојузниците, било појдовното пристаниште за италијанската морнарица кога ѝ било наредено да се предаде во британските раце на Малта. Германците пристигнале премногу доцна за да го спречат поаѓањето на флотата. За време на војната, италијанските трупи исто така заминале од Специја, вклучувајќи го и Кајзер Франц Јосиф, трансатлантски брод испратен во Трст во 1911 година за австриската компанија Лојд, која Италија ја конфискуваше во 1919 година. Бродот потонал во пристаништето Ла Специја во 1944 година. По ослободувањето, Ла Специја станала точка на заминување за преживеаните од нацистичките концентрациони логори. Од летото 1945 година до пролетта 1948 година, повеќе од 23.000 еврејски раселени лица успеале тајно да ја напуштат Италија за да се пренасочат кон Палестинскиот мандат. Подоцна, бродовите Феде, Фенице и Комиут успеале да ги евакуираат сите од Голфо ди Ла Специја, до таа мера што на израелските мапи, Ла Специја се нарекува Шаар Сион, на хебрејски „Порта кон Сион“. Главни знаменитости![]() Цркви
Музеи
Други знаменитости
Клима![]() Ла Специја има гранична влажна суптропска (Cfa) и медитеранска клима (Csa). Градот има жешки лета, студени влажни зими и многу променливи и дождливи есенски и пролетни периоди. Просечните температури во најстудениот месец јануари е 4 °C (39 °F) минимум и 11 °C (52 °F) максимум. Во најтоплиот месец јули темепратурата е 20 °C (68 °F) минимум и 29 °C (84 °F) максимум. Просечните годишни врнежи се 1,314 милилитри, повеќе од дупло отколку во Лондон. Снегот е исклучително невообичаен и обилните снежни врнежи се исклучителни настани: само во 1985 година имало снежни врнежи повеќе од 50 цм . Голем снег се случил во текот на ноќта на 18 декември 2009 година, со приближно 25 centiметарs (9.8 ин) снег и температури до −7.4 °C (18.7 °F) во ноќите. Во зима, доколку небото е ведро, ноќните температури може да паднат под нулата, обично достигнувајќи околу. Спротивно на тоа, во лето, особено во сончеви денови, температурата лесно може да надмине 30 °C (86 °F), а понекогаш достигнува и 35 °C (95 °F) . Понатаму, чувството на топлина во лето се зголемува со високата влажност. Поради својата топографија, градот е изложен на ветровите од југоисток а не на ветрови од север. Ветровите може да донесат силен дожд и може да достигнат 80 kilometres per hour (50 mph) а во ретки случаи предизвикува блокирање на пристаништето. Единствениот северен ветер што стигнува до градот е североисточниот Гркале, вообичаен за време на навлегувањата на арктичкиот воздух, кога студениот воздух што тече над потоплото Тиренско море предизвикува формирање на ниски притисоци, потиснувајќи го постудениот и потежок воздух заробен во долината По, зад Апенинските планини . Познати личности од Ла Специја![]()
ЕкономијаДенес, Ла Специја е главна италијанска поморска база и арсенал, и база за морнаричко училиште за навигација. Тоа е и комерцијално пристаниште, со бродоградилишта и индустрии кои произведуваат машини, метални производи и рафинирана нафта. ТранспортУслугите за јавен превоз на Ла Специја се управувани од ATC La Spezia, кој поседува урбани, приградски и меѓуградски автобуски линии; како и локалната тролејбуска мрежа и други услуги во градот. ЖелезничкаГлавните железнички станици во градот се железничката станица Ла Специја Централ, железничката станица Миљарина и Ка' ди Бошети. ОбразованиеОд 2002 година, универзитет по име Г. Маркони добива свое седиште во Ла Специја. СпортЗа првпат во историјата, 2020 година, локалниот фудбалски клуб, Специја Калчо, бил промовиран во Серија А за првпат во својата историја.[2] Меѓународни односиЛа Специја е побратена со:
ПоврзаноНаводи
Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia